Анна Кондратенко – виолина

Родена е во Новосибирск, Русија, каде што почнува да свири виолина на четиригодишна возраст. Своето музичко образование го започнува во Специјалната музичка школа во класите на О.Марченко и на А.Гвоздев, а продолжува во класата на проф. В. Третјаков на Високата музичка школа во Келн, каде што дипломира во 2004 година. Како солист и концерт-мајстор настапува со Младинскиот симфониски оркестар (Новосибирск), Симфонискиот оркестар на Филхармонија (Новосибирск), Интернационалниот симфониски оркестар (Michigan, USA), Klassische Philharmonie Bonn (Germany), Philarmonie der Nationen и други во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Америка, Малезија, Кина, Либан и Јапонија. Исто така, учествува на различни мајстер-курсеви (кај Z.Bron, D.Zigmondi) и фестивали, меѓу кои: Mozarteum (Austria), Holzhausen Musiktagen (Germany) и др. Таа е победник на многубројни серуски и меѓународни натпревари, меѓу кои се Ерденко и Мравински во Русија и Ј.Ниман во Германија. Пред две години,основа квартет „Филхармонија“ од членови на оркестарот на Македонската филхармонија со кои остварува настапи на домашни и на меѓународни фестивали. Моментно, работи како концерт-мајстор и солист во оркестарот на Македонскатафилхармонија и како концерт-мајстор и солист на оркестар на F.A.M.E.‘S Project во Скопје.